Достапни линкови

Косово останува ангажирано во дијалогот со Србија


Косовските власти соопштија денеска дека остануваат ангажирани во дијалогот за нормализација на односите со Србија и спроведувањето на постигнатите договори во тој процес. Според властите, одлуката на Уставниот суд за суспензија на договорот за Заедницата на Српски Општини е од привремен карактер. Договорот од Брисел, како што наведуваат властите, предвидува разгледување на Заедницата на Српски Општини од страна на Уставниот суд за да се обезбеди усогласување со Уставот на Косово.

XS
SM
MD
LG