Достапни линкови

logo-print

Изгласани и предложените заменици министри


Собранието на денешната седница ги избра и замениците министри од редовите на опозицијата согласно договореното на последната лидерска средба во Клубот на пратениците и договорот од Пржино. Заменици министри ќе бидат Александар Кирацовски во Министерството за информатичко општество и јавна администрација, Љупчо Николовски во Министерството за земјоделство и Кире Наумов во Министерството за финансии.

Пратениците претходно ги избраа и министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика Оливер Спасовски и Форсина Ташевска Ременски кои исто така доаѓаат од редовите на опаозицијата. Нивни заменици ќе им бидат досегашните министри Митко Чавков и Диме Спасов. На испразнетото министерско место во информатичко општество и администрација беше избрана Марта Арсовска Томовска по оставката на министерот Иво Ивановски.

XS
SM
MD
LG