Достапни линкови

Турција потрошила 8,5 милијарди долари за бегалците


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека неговата земја ќе продолжи да им помага на сириските бегалци, но се обидува и да спроведе поефективни мерки. Според него, само за бегалците, кои живеат во камповите биле потрошени 8,5 милијарди долари. Ердоган нагласи и дека нема да се потпираат на средствата, кои се во касата, туку ќе го решат прашањето за тоа како да го зголемат квалитетот на нивната помош. Тој повторно повика за создавање на зона, забранета за летови во северна Сирија, која ќе им овозможи на бегалците да се вратат во својата земја.

XS
SM
MD
LG