Достапни линкови

logo-print

ЕУ со помош за децата-мигранти во Македонија и Србија


Секторот за хуманитарна помош и цивилна заштита на Европската комисија му додели два милиони евра на УНИЦЕФ за помош на децата мигранти кои поминуваат низ Србија и Македонија. Средствата ќе бидат наменети за помош на околу 170 илјади деца и мајки и за нив ќе бидат обезбедени простории во кои ќе можат да се одморат, да добијат прва помош и неопходна зимска облека. Ќе биде обезбедена и соодветна храна за деца на возраст до две години.

Специјалниот координатор за кризата на бегалците и мигрантите во Европа, Мери Пјер Поарие изјави дека не семат да ги изневерат децата чии потреби во текот на зимата се поголеми од кога било.

XS
SM
MD
LG