Достапни линкови

logo-print

Авганистан ќе стане членка на Светската трговска организација


Авганистанските власти се согласиле на условите со кои земјата ќе стане членка на Светската трговска организација. Условите биле договорени на денешната средба во Женева меѓу претставници на Авганистан и на организацијата. Авганистан ќе стане членка 30 дена по ратификување на договорот со организацијата. Крајниот рок за ратификување на договорот е 30 јуни наредната година.

XS
SM
MD
LG