Достапни линкови

Хан: Политичките лидери да се фокусираат врз иднината на земјата


Евро-комесарот за проширување Јохнес Хан, во видео пораката до македонската јавност, ги потсетува лидерите на политичките партии дека земјата нема време за губење и оти мора целосно да биде спроведен договорот од Пржино

„Македонија се соочува со најтешката политичка криза изминативе години. Кризата дополнително се продлабочи со објавувањето на прислушуваните разговори. Овие откритија ги потврдија сериозните сомнежи за политичко вмешување и корупција на високо ниво на кои Европската Комисија укажа и во претходните извештаи“, вели еврокомесарот Јоханес Хан во неговото обраќање кон македонската јавност.

Тој изразува убедување дека Договорот од Пржино е најдобриот начин да се надмине кризата еднаш засекогаш.

„Денес главен предизвик за вашите лидери е да ги исполнат нивните заложби спроведувајќи го договорот во добра волја и посветувајќи се во целост на итните реформски приоритети и да го подобрат владеењето на правото во вашата земја“, дополнува Хан во обраќањето.

Тој нагласува дека лидерите мора да го стават интересот на земјата и иднината на граѓаните во фокусот на нивната работа.

Предупредувајќи дека земјата нема повеќе време за губење, комесарот Хан вели дека Комисијата ја разгледува можноста за продолжување на препораката под услов да биде целосно имплементиран договорот потпишан од лидерите на четирите најголеми политички партии.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG