Достапни линкови

Уставниот суд на Косово го одложи договорот за српските општини


Косовскиот Уставен суд го одложи спроведувањето на Договорот за формирање Заедница на српски општини што беше постигнат со посредство на Европската унија. Суспензијата на договорот ќе биде во сила до почетокот на јануари следната година, до кога Судот треба да донесе одлука „за“ или „против“ Договорот, се наведува во соопштението на судот. Судот отвори расправа по барање на косовската претседателка Атифете Јахјага. Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ оцени дека ваквата одлука на претставува удар врз дијалогот во Брисел и закана за регионалната стабилност. Според Дачиќ, Приштина им се потсмева на меѓународната заедница и Европската унија, бидејќи воопшто не постои можност некој да го суспендира Бриселскиот договор.

XS
SM
MD
LG