Достапни линкови

logo-print

Суомалаинен и понуди поддршка и соработка на Јанева


Специјалната обвинителка Катица Јанева.

Специјалната обвинителка Катица Јанева.

Шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалаинен на денешната средба со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и понудила поддршка и соработка. Суомалаинен и Јанева, како што е наведено во соопштението од Мисијата на ОБСЕ разговарале за новата улога на обвинителката и претстојните предизвици.

Суомалаинен истакнала дека канцеларијата на Обвинителката мора да продолжи да биде независна и слободна од секаков вид притисоци, за да постигне резултати кои ќе бидат фер и објективни. Таа посочила и дека правилното спроведување на Договорот од Пржино и почитувањето на законите ќе овозможат еднакви услови на претстојните избори.

XS
SM
MD
LG