Достапни линкови

Иванов-Извештајот дава објективна слика за Македонија


Претседателот на државата Ѓорге Иванов

Претседателот на државата Ѓорге Иванов

Претседателот на државата Ѓорге Иванов по денешната средба со евроамбасадорот Аиво Орав изјави дека годинешниот извештај на Европската комисија дава објективна слика на актуелните состојби во повеќе области во Македонија. Според Иванов, земјата ја очекува интензивен период на политичката сцена и потребно е одговорно однесување од сите политички актери.

Тој порача и дека крајно време е Република Македонија да ги отпочне пристапните преговори за членство во Европската унија. Иванов во однос на Договорот од 2 јуни и Протоколот од 15 јули нагласи дека договорените решенија треба да бидат доследно спроведени и да се надминат политичките надмудрувања и дневно политичките игри.

XS
SM
MD
LG