Достапни линкови

Собранието утре ќе избира министри и заменици министри


Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски за утре напладне ја закажа седницата за избор на министри и заменици министри, во согласност со договореното на последната лидерска средба во Клубот на пратениците и договорот од Пржино. Согласно договореното министер за внатрешни работи на предлог на опозицијата ќе биде Оливер Спасовски, а за труд и социјална политика Фросина Ременски.

Заменици министри од редот на опозицијата ќе бидат Александар Кирацовски во Министерството за информатичко општество и јавна администрација, Љупчо Николовски во Министерството за земјоделство и Кире Наумов во Министерството за финансии. Се очекува на утрешната седница да биде избран и министер за информатичко општество и јавна администрација по оставката на Иво Ивановски.

XS
SM
MD
LG