Достапни линкови

logo-print

За ВМРО ДПМНЕ извештајот е пораз за политиката на СДСМ


Антонио Милошоски

Антонио Милошоски

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски денеска изјави дека Македонија повторно добила извештај со препорака којшто гарантира дека државата има капацитет за успешно да ја задржи препораката. Но, како што наведе, не веруваат оти Европскиот совет во овој момент има капацитет да постигне едногласност, за препораката да ја преточи во одлука за почеток на преговорите.

Според него, со извештајот станало јасно дека сите напори и реформи што ги вложила Владата предводена од коалицијата каде што ВМРО-ДПМНЕ има клучна улога, се препознаени и признаени од страна на Европската комисија. Тој порача и дека извештајот е тежок пораз за деструктивната политика на СДСМ и потврда за капацитетот на Македонија да биде, не само кандидат, туку и земја која што може да ги отпочне преговорите за членство со ЕУ.

XS
SM
MD
LG