Достапни линкови

logo-print

Авганистан и Туркменистан договорија изградба на гасовод


Туркменистанскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов се сретна со неговиот авганистански колега Ашраф Гани во Ашгабат за да разговара за новиот гасовод со кој ќе се испорачува природен гас од Туркменистан, преку Авганистан до Пакистан и Индија. Гасоводот долг 1735 километри ќе пренесува 33 милијарди кубни метри гас.

Гани изјави дека проектот е многу значаен за целиот регион. Двајцата лидери се согласиле на 13 ноември да започен изградбата на гасоводот вреден 7,6 милијарди евра. Авганистан ќе има право да користи до 5 милијарди кубни метри гас на годишно ниво и ќе заработи 400 милиони долари од таксите за транзит.

XS
SM
MD
LG