Достапни линкови

Лекарскиот синдикат го осуди нападот на Клинички центар


Самостојниот синдикат на клинички центри го осуди вчерашниот напад на лекарот од Универзитетската клиника за дигестивна хирургија. Од синдикатот бараат итно донесување закони за докторска и за сестринска и акушерска дејност, како и воспоставување систем за заштита на достоинството и угледот на докторите и останатите здравствени работници.

Синдикатот го повика и своето членство, јавно во кругот на Клинички центар да изрази солидарност кон докторот Љубомир Огњеновиќ и да го искаже својот револт кон несаканиот настан, како и кон „понижувачкиот статус на докторите и другиот здравствен персонал“. Од синдикатот бараат и директорите на сите јавни здравствени установи во земјата итно да воспостават 24-часовно професионално обезбедување.

XS
SM
MD
LG