Достапни линкови

СДСМ-Условена препорака оти Брисел не му верува на ВМРО ДПМНЕ


Лидерот на СДСМ, зоран Заев.

Лидерот на СДСМ, зоран Заев.

Од СДСМ денеска оценија дека со условената препорака за почеток на преговорите со Европската унија се сочувани евроинтегративните процеси на државата и оти исполнувањето на договорот од Пржино е најдобриот начин да се стави крај на политичката криза. Според СДСМ, „условената препорака значи дека Брисел не и верува на актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а изјавата од еврокомесарот Јоханес Хан дека примената на договорот ќе се разгледува по изборите е порака дека власта не смее да не го почитува договореното од Пржино“.

XS
SM
MD
LG