Достапни линкови

Попоски-Значајно е што ја задржавме препораката


Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски изјави дека најзначаен момент во денешното презентирање на извештаите за Западен Балкан, во однос на Македонија е тоа што Европската комисија ја задржува препораката и оти е неопходно да започнат преговори за членство на земјата во ЕУ. Тој нагласи дека тоа за власта е силен мотив да продолжи со сите ангажмани и во делот на политичкиот дијалог и во делот на реформите.

Според него, се разбира и дека целосната примена на политичкиот дијалог ќе биде еден од условите што ЕК блиску ќе ги следи и од кои ќе зависат и следните оценки. Значајно за Македонија, како што наведе Попоски ќе биде до изборите во април да покаже дека има целосна посветеност во државата и целосна мобилизација на институциите за задржување на препораката.

XS
SM
MD
LG