Достапни линкови

logo-print

Препораката за преговори за членство на Македонија со ЕУ е условена


Препораката за почеток на преговори за членство во Европската Унија за Македонија останува, но таа е условена со примена на договорот од Пржино, соопшти денеска во Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент Kомесарот за проширување Јоханес Хан.

Според Хан, има релативно висок степен на усогласеност на македонското законодавство со европското, но прислушувањето во Македонија покажало дека има корупција и мешање на политиката во институциите што му прави штета на политичкиот систем на земјата.

Хан презентирајќи ги извештаите за напредокот на балканските држави и Турција, во врска со Македонија додаде дека најдобар начин да и се стави крај на политичката криза е примената на политичкиот договор што треба да продолжи и на изборите во април идната година.

Примената на договорот од Пржино ќе биде разгледана по изборите. Според Хан меѓу етничките односи се и натаму кршливи поради што се потребни мерки за доверба.

XS
SM
MD
LG