Достапни линкови

Оставка на претседателот на Фудбалскиот сојуз на Германија


Претседателот на Фудбалски сојуз на Германија, Волфганг Нирсбах поднесе оставка по обвиненијата и дека е вмешан во купувањето на СП 2006. „Дојде моментот да преземам морална одговорност“, изјави Нирсбах по седницата на претседателството на Сојузот. Во минатиот месец беше покрената истрага против ФСГ, откако некои медиуми објавија дека со помош на поранешниот директор на „Адидас“, Робер Луис Драјфус, организацискиот одбор за ФИФА СП 2006 основал „црн“ фонд од околу 10 милиони евра. Понатаму се наведува дека парите најверојатно биле искористени да се „обезбедат“ четири азиски гласа од вкупно 24. делегати за да гласаат во корист на Германија.

XS
SM
MD
LG