Достапни линкови

Генерален штрајк на двата најголеми синдиката во Грција


Двата најголеми синдиката во Грција повикаа на 12 ноември на генерален штрајк поради промените што се подготвуваат во пензиско осигурителниот систем и поради мерките за зголемување на даноците и намалување на пензиите. Тие мерки се дел од условите за добивање трета по ред финансиска помош од 86 милијарди евра, објавуваат грчки медиуми. Најавено е дека ќе штрајкуваат лекарите, фармацевтите и вработените во градскиот транспорт, а нема да се одвива и бродскиот сообраќај. Во протестите ќе се приклучи и грчката Федерација на новинари.

XS
SM
MD
LG