Достапни линкови

ЕУ планира мигрантски центри на Балканот


Европската унија ја разгледува можноста да воспостави центри во балканските земји за прифаќање на бегалците. Во овие центри би се регистрирале бегалците и нивните барања за азил. За ова станало збор на состанокот на министрите за внатрешни работи на Европската унија што вчера се одржа во Брисел. Претседавачот на состанокот министерот од Луксембург Жан Аселборн изјави дека побарал од неговите колеги да ги разгледаат можностите за вакви центри на Балканот со оглед на тоа што многу бегалци преку Грција влегуваат во Македонија и Србија без да бидат регистрирани, а најголемиот дел потоа одат во Германија. Центрите би биле отворени и поради тоа што Германија, Шведска, Белгија и други богати земји сметаат дека повеќе немаат место за прием на бегалците. Постои стравување дека, со доаѓањето на зимата, бегалците ќе се најдат блокирани во балканските земји во студ доколку не се згрижени што само ќе ја влоши хуманитарна криза. Во овие центри би работел персонал од ЕУ кој би вршел регистрација и идентификација.

XS
SM
MD
LG