Достапни линкови

Времето денеска: сончево со умерена облачност


Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а поголемо наоблачување ќе има во североисточниот дел од земјава. Ќе дува умерен долж Повардарјето и на повисоките места засилен ветер од северозападен правец што ќе овозможи извесно прочистување на атмосферата. Утринската температура ќе се движи од нула до девет, а дневната од 15 до 22 степена. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе искачи до 18 степени.

XS
SM
MD
LG