Достапни линкови

Тодоров-Да се казнат сторителите на криминалниот чин


Министерот за здравство Никола Тодоров.

Министерот за здравство Никола Тодоров.

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска го осуди инцидентот, при кој од огнено оружје беше повреден лекар на Одделението за дигестивна хирургија во Клиничкиот центар во Скопје. Според него, станува збор за криминален чин кој треба да се казни, а сторителите да се изведат и да одговараат пред закон.

Тој нагласи и дека со измена на Законот за здравствена заштита за нападот на лекар е предвидена казна затвор од една до 10 години. Тородов порача и дека не смеат да дозволат целиот здравствен систем да биде поткопан затоа што постојат чинители кои се спремни на еден нехуман, нецивилизиран начин да посегнат по живот или здравје на еден лекар.

XS
SM
MD
LG