Достапни линкови

Уште 2 лица починаа од пожарот во ноќен клуб во Романија


Протестите во Букурешт

Протестите во Букурешт

Популарен телевизиски уредник и фотограф починаа од повредите предизвикани од пожарот во ноќен клуб во Букурешт. Со тоа бројката на жртви од несреќата се искачи на 46 луѓе.

По несреќата во земјата избувнаа протести кои траат седум дена по ред и поради кои романскиот премиер Виктор Понта поднесе оставка од функцијата. Откако бројката на демонстранти опадна за време на викендот, вчера и претседателот Клаус Јоханис им се приклучи на протестите. Тој изјави дека од денеска ќе се консултира со политичките партии и лидерите на граѓанското општество за нов премиер на Романија.

XS
SM
MD
LG