Достапни линкови

Собранието ја почна седницата за законите од Договорот од Пржино


Собранието на Македонија ја започна седницата на чиј дневен ред се пакетот закони, кои произлегуваат од Договорот од Пржино, а усогласени меѓу четирите политички партии - ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА. Овие закони ќе бидат разгледани по скратена постапка, а за нив ќе биде гласано во пакет.

По утврдувањето на дневниот ред, за законите треба да се изјаснат матичните собраниски комисии.

Претседателот на Парламентот, Трајко Вељановски, на почетокот на седницата најави дека денешната работа на парламентот, доколку има потреба, ќе биде продолжена додека не биде усвоен овој пакет закони.

Станува збор за измените и дополнување во изборниот закон, измени во Кривичниот закон,Законот за укажувачи, Анкетна комисија за скандалот со прислушувањето, Закон за заштита на приватноста, Закон за измени во законот за Влада.

XS
SM
MD
LG