Достапни линкови

Лекарите револтирани по обидот за убиство на нивен колега


Клинички центар во Скопје, државна болница.

Клинички центар во Скопје, државна болница.

Се додека не се преземат мерки лекарите од Клиничкиот центар нема да прават операции, рекоа дел од нив, кои денеска напладне се собраа на протест пред зградата на Ургентниот центар во Скопје. Тие во разговор со новинарите рекоа дека бараат смена на првите три челни позиции во здравството. Конкретно тие бараат Министертвото за здравство, Фондот за здравство и Лекарската комора да не бидат водени од ,како што велат, партиски послушници, туку од професионалци. Тие изразија револт поради денешниот инцидент во кој беше ранет еден хирург од одделот за абдоменална хирургија и ,меѓу другото, бараат подобрување на мерките за безбедност.

Според лекарите, тие биле постојано изложени на закани, а денешните случувања се само последица од долгогодишните проблеми кои тлеат во здравството.

XS
SM
MD
LG