Достапни линкови

logo-print

Ќе водат ли зимоска сите патишта кон Охрид?


Минатата зима поради нерасчистените патишта граѓани со часови беа заглавени во автомобили или автобуси на пак кон Охрид. Надлежните сега се договараат како тоа да не се повтори.

На Охрид не смее да му се повтори сликата од минатата зима кога се соочи со сериозни проблеми во однос на пристапноста на патиштата кои водеа до него, особено во периодот пред новогодишните празници. Со часови граѓани беа заглавени во автобусите и автомобилите на пат кон нашиот најголем туристички центар кај превојот Пресека. Тогаш институциите снегот буквално ги изненади.

Не можам да ветам ништо, се надеваме дека од другата година ќе ги надминиме проблемите. Ние секоја година се ангажираме максимално со сите расположливи средства во работата за безбедност во сообраќајот и учесниците во него.

Затоа надлежните државни и локални институции ги договараа насоките и заедничките активности со цел побрзо и полесно справување со евентуалните предизвици оваа зима. Сите ветија дека ќе соработуваат, а заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев, потсети дека патиштата мора да бидат слободни за сите оние кои сакаат и мораат да патуваат до Охрид. Тој вели дека е неопходно редовно одржување особено на најкритичниот пат во текот на зимата од Кичево до Охрид.

„Се она што е потребно за и околу одржувањето на магистралните патишта посебно во делот од Скопје- Кичево – Охрид каде што е најфрекфентно во периодот, мора да биде слободен и ослободен за сите кои сакаат да го посетат Охрид. Заклучокот е едноставен, потребен и доволен услов за сето тоа да функционира е опрема, механизација која што ќе биде во служба и во сопственост на ЈП „Македонија Пат“, рече Јанев.

Директорот на Македонија пат во Охрид,Крсте Ташкоски, кажа дека се уште не била изготвена програмата за одржување на државните патишта.Тој не можеше да гарантира ништо како ќе се справат со одржувањето на патиштата оваа зима.

„Не можам да ветам ништо, се надеваме дека од другата година ќе ги надминиме проблемите. Ние секоја година се ангажираме максимално со сите расположливи средства во работата за безбедност во сообраќајот и учесниците во него“, вели Ташкоски.

Портаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски искажа уверување дека Охрид оваа зима нема да биде отсечен од светот.

„Со сите мерки и активности, со сите обврски кои што ги добија чинителите и субјектите, мислам дека оваа година Охрид нема да биде отсечен од светот и дека Охрид ќе биде функционален, достапен до сите туристи кои што пред се во пресртет на Новата година ќе сакаат да присуствуваат во градот. Побаравме прецизно и јасно дефинирање на обврските на субјектите и нивна максимална одговорност во делот на извршување а своите обврски“, рече Димоски.

XS
SM
MD
LG