Достапни линкови

Оружен инцидент на Клиничкиот центар во Скопје


Лекар на абдоменална хирурургија во скопскиот Клинички центар е повреден изутрината од огнено оружје откако во него пукало едно лице.
Инцидентот се случил во 09:30 часот на одделението за абодеменална хирургија. Лекарот, според болнички извори, е повреден во нозете и веднаш по инцидентот е пренесен во операциска сала. Засега нема информации за неговата здравствена состојба.
Полицијата привела три лица, родени 1979, 1981 и 1985 година. Во моментот, на местото на инцидентот е присутна полицијата и го истражува случајот.
Од МВР најавија подетални информации во текот на денот.

XS
SM
MD
LG