Достапни линкови

Во Хрватска, тесна победа на конзервативната опозиција


Во Хрватска, победа на конзервативната опозиција
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

Во Хрватска, победа на конзервативната опозиција

Хрватската конзервативна опозиција победи на првите избори откако таа земја стана членка на Европската унија пред две години. Хрватската демократска заедница ќе има 59, додека социјалдемократите 56 пратеници во парламентот со 151 место. И конзервативците и социјалдемократите се надеваат да владеат.

Новата хрватска влада ќе треба да го продолжи извесното економско заздравување по шест години рецесија и да се справи со илјадниците мигранти од Блискиот Исток кои минуваат низ Хрватска на нивниот пат до западните членки на Европската унија.

Неофицијалните резултати покажуваат дека ХДЗ сепак нема да има доволно пратеници во парламентот за да може сама да формира влада. На останување на власт се надеваат и социјалдемократите.

„Победата не става во позиција да ја преземеме одговорноста да ја водиме земјата. Пред нас е битка за обезбедување подобар живот во Хрватска“, изјави лидерот на ХДЗ Томислав Карамарко, поранешен шеф на хрватската разузнавачка служба.

Победата не става во позиција да ја преземеме одговорноста да ја водиме земјата. Пред нас е битка за обезбедување подобар живот во Хрватска.
Томислав Карамарко, лидер на ХДЗ.

Конзервативната алијанса е за поцврст став спрема мигрантите и бара построги гранични контроли со цел да се спречи нивниот влез во земјата која има околу 4 милиони и 400 илјади жители.

Досега низ Хрватска минале скоро 340 илјади мигранти и бегалци кои таму влегуваат од Србија.

Голем проблем во Хрватска е и невработеноста. Стапката на невработеност изнесува 16 насто што е за девет проценти повеќе од просекот во Европската унија.

ХДЗ која ја водеше Хрватска до независност од поранешна Југославија ги обвинува социјалдемократите на премиерот во заминување Зоран Милановиќ дека не биле доволни цврсти во решавањето на мигрантската криза.

Резултатите исто така покажуваат дека новата партија „Мост“ ќе биде трета партија по бројот на пратеници во парламентот. Таа е формирана пред три години и се залага за реформи во пренатрупаниот јавен сектор и за подобра бизнис клима во земјата.

Божо Петров, лидерот на „Мост“, изјави дека неговата партија ќе ја поддржи идната влада само ако е решена на реформи во јавната администрација и правосудството и ќе работи на унапредување на условите за развој на бизнисот.

„За секоја од овие реформи ќе поставиме рокови и доколку тие не се исполнат ќе бараме доверба во парламентот. Знаме дека како што сега стојат работите, ние ќе ја имаме контролата врз мнозинството во парламентот“, изјави Петров.

Премиерот Зоран Милановиќ, пак, смета дека неговата партија заслужува уште еден четири годишен мандат, бидејќи економијата која главно се засновува врз туризмот, покажала раст по шест години рецесија која избриша 13 насто од бруто домашниот производ.

По соопштувањето на резултатите Милановиќ ги повика партиите кои се залагаат за реформи, посебно партијата „Мост“, која нема јасна позиција во политичкиот спектар на разговори, за формирање коалиција.

„Хрватска се реши на промени. Ние сакаме да продолжиме натаму, но тоа не ќе можеме да го правиме сами“, рече тој.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG