Достапни линкови

На изборите во Хрватска води конзервативната опозиција


Конзервативната опозиција во Хрватска е во водство на вчерашните парламентарни избори. Со избројани околу 50 проценти од гласовите конзервативците предводени од поранешниот шеф ма разузнавачката служба Томислав Карамарко има околу 60 пратенички места во парламентот кој брои 151 пратеник. Социјалдемократите предводени од премиерот Зоран Милановиќ освоиле околу 53 пратеници. Делумните резултати сугерираат дека ниту еден блок нема мнозинство и оти формирањето влада ќе зависи од помалите партии кои влегоа во парламентот. Милановиќ ја повика новоформираната граѓанска организација „Мост“ која нема јасна позиција во политичкиот спектар на разговори за формирање коалиција. „Хрватска се реши на промени. Ние не можеме тоа да го правиме сами“, рече Милановиќ. Аналитичарите сметаат дека враќањето на конзервативците на власт би можело да има последици врз бранот мигранти низ Хрватска.

XS
SM
MD
LG