Достапни линкови

Путин ќе учествува на климатскиот самит во Париз?


Рускиот претседател Владимир Путин ќе присуствува на претстојната климатската конференција на ОН во Париз, велат француските власти. Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус, денеска изјави дека повеќе од 100 шефови на држави ќе присуствуваат на отворањето на Самитот на 30 ноември, меѓу нив и претседателот на САД, премиерот на Кина, претседателот на Русија. Кремљ се уште не го потврди присуството на Путин нa Самитот. На собирот треба да се изготви нов меѓународен договор за глобалното затоплување. Според американската организација Светски институт за ресурси, Русија е рангирана на петто место во светот по емисија на стакленички гасови, по Кина, САД, Европската унија и Индија.

XS
SM
MD
LG