Достапни линкови

Русија досега врати 11 илјади туристи од Египет


Во Русија досега се вратија 11 илјади туристи од Египет, а уште поголем број се очекува да се вратат денеска. На туристите им е дозволено да земат само рачен багаж со себе при враќањето. Остатокот од нивниот багаж ќе биде вратен со карго авиони, поради безбедносни процедури. Рускиот заменик премиер Аркадиј Дворкович рече дека првиот од трите тимови на руски инспектори е веќе испратен во Египет. Тие треба да ги надгледуваат безбедносните услови на аеродромите таму. Минатата недела се урна руски патнички авион при што загинаа сите 224 лица во него. Египетските истражувачи велат дека ги разгледуваат сите сценарија за причина за трагедијата. Во Египет се наоѓаат околу 80 илјади Руси, пред сè во летувалиштата Шарм ел Шеик и Хургада.

XS
SM
MD
LG