Достапни линкови

Пакистан - Бројот на загинати во фабриката достигна 44


Бројот на загинати при уривањето на една фабрика во близина на пакистанскиот град Лахоре достигна 44. Властите велат дека на местото на настанот биле пронајдени телата на 41 жртва, а тројца работници подоцна починале од повредите во болница. Тие додаваат дека шансите за да најдат преживеани се многу мали. Вчера спасувачите пронајдоа тинејџер кој бил заробеннад 50 часа под урнатините. Официјални лица велат дека најмалку 150 луѓе биле присутни во фабриката кога таа се урна на 4 ноември.Властите велат дека е можно зградата на фабриката да претрпела оштетувања во земјотрес од 7,5 степени кој го погори регионот минатиот месец.

XS
SM
MD
LG