Достапни линкови

logo-print

СДСМ прашува колку луѓе се иселиле од Македонија?


Македонија останува земја без луѓе, само до крајот на 2013 година од Македонија се иселиле неверојатни 626.312, според објавени податоци од Светска банка, соопштуваат од СДСМ. Тие прашуваат уште колку луѓе се иселиле од Македонија во последните две години.

„Најголем дел од младите, ако имаат можност, би ја напуштиле државава. Најмногу поради невработеноста. Сите статистики говорат дека од земјава се иселуваат главно образувани луѓе“, стои во соопштението.

Во него се наведува и дека над 180 илјади граѓани во Македонија живеат со по 40 денари на ден, над 10 илјади фирми се затворени и дека секоја трета фирма во Македонија е со блокирана сметка. А сето тоа тие го обвинуваат Никола Груевски и соработниците.

XS
SM
MD
LG