Достапни линкови

Бројот на жртви од пожарот во Букурешт достигна 38


По пожарот во Букурешт избувнаа протести.

По пожарот во Букурешт избувнаа протести.

Уште шест луѓе денеска починале од здобиените повреди во минатонеделниот пожар во ноќниот клуб во Букурешт, со што бројот на жртви се зголеми на 38 луѓе, пренесоа медиумите.

Четири од нив починале во болниците во Букурешт, додека другите двајца починале во Холандија, каде биле префрлени на лекување.

Привремениот романски премиер Сорин Кампану информира дека 109 настрадани луѓе во пожарот се уште се наоѓаат во болница, а од нивдури 48 се во критична состојба.

Пожарот избувна на 30 октомври во ноќниот клуб „Колектив“ за време на пиротехничко шоу. Многумина настрадаа во паничен обид да излезат од клубот преку единствениот излез. Во толпата беа повредени 180 луѓе.

Доцна синоќа неколку илјади демонстранти се собраа во Букурешт на четвртиот по ред протест со развиорени национални знамиња и барања за подобро владење и сузбивање на корупцијата.

XS
SM
MD
LG