Достапни линкови

logo-print

Искоренета еболата во Сиера Леоне


Светската здравствена организација денеска прогласи крај на епидемијата на ебола во Сиера Леоне. Во таа земја од вирусот за две години починаа повеќе од четири илјади луѓе. СЗО денеска соопшти дека поминале 42 дена откако на 25 септември бил пуштен и последниот пациент заболен од ебола. Според правилата на Светската организација треба да поминат 42 дена, односно два последователни периоди од по 21 дена без нов случај на заразен, со што се прогласува крај на епидемијата. Но во Сиера Леоне и во наредните три месеци ќе биде зголемен надзорот и внимателноста. Еболата беше искоренета и во соседна Либерија во мај, но нови случаи се појавија кратко потоа, за во септември повторно да биде прогласена епидемија. Од ебола досега починаа вкупно 1 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG