Достапни линкови

МВР го расчистува инцидентот во Крива Палaнка


Кумановската полиција во соработка со Основното јавно обвинителство работи на расчистување на настанот и откривање на сторителите кои вчера извршија оштетување на приватна куќа во Крива Паланка која била приспособена за изведување на верски обреди. МВР соопштува дека вчера во Крива Паланка околу пладне се одржал најавен протест поради отворање објект наменет за верски обреди. Протестот поминал без нарушување на јавниот ред и мир. Но истиот ден после 18 часот кога во објектот немало никој, непознати сторители скршиле осум прозорци и уништиле дел од инвентарот во објектот.

XS
SM
MD
LG