Достапни линкови

Град Скопје ќе се справува со загадениот воздух


Градот Скопје утре на крстосницата на булеварот „Свети Климент Охридски“ со улицата „Свети Кирил и Методиј“ ќе почне со третирање на градските улици со средството калциум-магнезиум ацетат, како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух.

Според најавите од Град Скопје, со овој процес ќе бидат опфатени булеварот „Свети Климент Охридски“ и улиците „Свети Кирил и Методиј“ и „Јордан Мијалков“.

Станува збор за средство кое се користи за контрола и намалување на ситната прашина и за стабилизација на патиштата.

Средството е еколошки производ, биоразградливо е, не е штетно за растенијата и не е корозивно.

Брзината на улиците каде што ќе се нанесува средството ќе биде ограничена на 40 километри на час, заради можна појава на лизгавост на коловозот. При разградувањето на супстанцијата може да се почувствува слаб мирис на оцет, но не е опасно по здравјето на луѓето.

XS
SM
MD
LG