Достапни линкови

ИД ослободи 37 асирски христијани


Организацијата Исламската држава ослободи група од 37 Асирски христијани во североисточна Сирија, велат групите за човекови права. Мрежата за човекови права соопшти дека заробениците, повеќето од нив постари луѓе, биле вратени во провинцијата Хасак Кабур и дека се во добра здравствена состојба.

Сириската опсерваторија за човекови права вели дека старешини од арапските племиња посредувале со милитантите за нивно ослободување.

Ослободените беа дел од група која броеше повеќе од 200 Асирци заробени од страна на Исламската држава уште во февруари кога милитантите зазедоа делови од регионот Кабур.

Дел од заробеници оттогаш беа ослободени, но се верува дека повеќе од 120 се уште се држат од страна на милитантите.

XS
SM
MD
LG