Достапни линкови

Бројот на жртви во пожарот во Букурешт достигна 35 луѓе


Уште три лица починаа денеска од повредите добиени во пожарот во ноќен клуб во Букурешт минатата недела, со што бројот на жртви достигна 35 лица.

Околу 100 лица кои беа повредени во пожарот, што избувна на 30 октомври во ноќниот клуб „Колектив“ за време на пиротехнички спектакл, се уште се во болница. Поголем број лица беа повредени при обид панично да излезат од клубот од неговиот единствен излез.

Доцна синоќа неколку илјади демонстранти се собраа во Букурешт на четвртиот ден по ред протести во знак на протест против лошото владеење и корупцијата во земјата.

XS
SM
MD
LG