Достапни линкови

Ахмети бара ЕУ да ја повтори препораката


Претседателот на ДУИ Али Ахмети побара од еврокомесарот Јоханес Хан да се повтори препораката на Европската комисија за отворање преговори за членство на Македонија во ЕУ и заеднички со пријателите од Вашингтон, како и земјите членки на ЕУ, да го вратат фокусот во решавањето на прашањето за името и отворање на евроатланската перспектива на Македонија, соопшти денеска ДУИ.

„Ние ветуваме ангажираност во спроведувањето на баранитe реформи за градење постабилни и одржливи институции, како и демократско и одговорно општество, но истовремено очекуваме ваша посветеност во надминувањето на последната препрека која стои помеѓу Македонија и евроатланската интеграција, стои во пораката од Ахмети до Хан..

Македонија и регионот, потенцира Ахмети, имаат потреба за стабилност и безбедност, затоа, вели, да не ги штедиме нашите заеднички напори за интеграција на нашата земјата во ЕУ и НАТО бидејќи тоа е нашата стратешка определба, нема друга алтернатива.

Како учесник во преговорите за решавање на политичката криза во Македонија и во името на ДУИ, тој изразува благодарност за директната посветеност на Хан и на амбасадорите Аиво Орав и Џес Бејли, како и нивнитe тимови, заедно со олеснувачот Питер Ванхојт, во решавањето на политичката криза и затворање на повеќе спорни прашања кои овозможуваат одржување на изборите на 24 април 2016 година.

XS
SM
MD
LG