Достапни линкови

logo-print

Русите го напуштаат Eгипет само со рачен багаж


Русите го напуштаат египетското одморалиште Шарм ел Шеик само со рачен багаж, а целиот нивен багаж ќе биде испорачан подоцна. Руското Министерството за итни ситуации соопшти дека Русија денеска ќе испрати авиони во Египет за да го земат чекираниот багаж. Ваквите мерки доаѓаат откако пред една недела се урна руски патнички авион во Египет при што загинаа сите 224 луѓе во авионот. Авионот требало да лета на линијата Шарм ел Шеик - Санкт Петербург. Вчера Русија ги суспендираше сите патнички летови до Египет како мерка на претпазливост

XS
SM
MD
LG