Достапни линкови

Египет ги критикува странските партнери


Египет ги критикуваше своите странски партнери за игнорирање на повиците посериозно да се справат со тероризам, по извештаите кои сугерираат дека исламистички милитанти може да стојат зад уривањето на рускиот патнички авион на Синајскиот Полуостров пред една недела.

Министерот за надворешни работи на Египет Саме Шукри вели дека странските разузнавачи сугерираат дека трагедијата е предизвикана од бомба, но не ги споделиле тие сугестии со египетските безбедносни агенции.

Истрагата за причините за уривањето на авион на 31 октомври е во тек. Во авионска несреќа загинаа сите 224 лица во авионот, најголем број од нив беа Руси. Огранок на Организацијата Исламска држава презеде одговорноста за несреќата.

XS
SM
MD
LG