Достапни линкови

Повлекување на тешкото оружје од Украина


Министрите за надворешни работи на Украина, Русија, Германија и Франција се согласија да се обидат да завршат со повлекување на тешкото оружје од фронтот во источна Украина, соопшти министерот за надворешни работи на Германија, Франк Волтер Штајнмаер. Тој рече дека по мировните разговори во Берлин се согласиле да се справат со повлекувањето на тешкото оружје,
истакнувајќи дека насилството во регионот е намалено и дека повлекувањето на лесното оружје е речиси завршена работа. Што се однесува пак на деминирањето на регионот, Штајнмаер изјави дека до крајот на ноември мините треба да се отстранат.

Штајнмаер изјави дека Украина и проруските сепаратисти, исто така, треба да разгледаат и политичките прашања, односно кој може да се кандидира на претстојните локални избори во сепаратистичките региони во источниот дел и за тоа кој треба да го следи гласањето.

XS
SM
MD
LG