Достапни линкови

САД: Грузија да ја почитува независноста на медиумите


Соединетите Американски Држави изразија длабока загриженост поради одлуката на Судот во Грузија да го промени начинот на раководење во најголемата независна телевизиска станица во земјата. Судот доцна на 5 ноември донесе одлука со која раководството на Рустави-2 се заменува со привремени администратори назначени од бизнисмен за кој се вели дека има блиски врски со владата.

Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби на 6 ноември изјави дека „во едно демократско општество, критичкото мислење треба да биде охрабрено, а не замолчено“.

На одлуката реагираше и ОБСЕ. Претставникот за слобода на медиумите на ОБСЕ Дуња Мијатовиќ рече дека одлуките за уредувачките позиции во медиумите треба да се прават во самиот медиум, не во судниците. Организацијата Фридом хаус, пак, сти да завршат со мешањето во медиумите.

XS
SM
MD
LG