Достапни линкови

Четврти ден масовни протести во Романија


Околу 15 илјади луѓе излегоа синоќа на протести во Букурешт и други големи романски градови во знак на протест против, како што велат, корумпираната политичка елита, недела дена по пожарот во ноќен клуб во кој загинаа 32 луѓе, јави БТА.

„Премногу корупција, премалку правда“ и „Корупцијата убива“, скандираа демонстрантите на четвртиот по ред ден протести, што во средата доведоа до оставка на владата на социјалдемократот Виктор Понта.

Стотици лица учествуваа посебно во тивок марш во спомен на жртвите во пожарот. Тие запалија свеќи пред зградата во која се наоѓаше дискотеката во центарот на главниот град на Романија.

Според очевидци и обвинители пожарот бил предизвикан од пиротехнички спектакл на рок концерт и серија кршења на безбедносните правила. Шефовите на ноќниот клуб се во притвор за убиство од небрежност.

XS
SM
MD
LG