Достапни линкови

Историска средба на претседателите на Кина и Тајван


Претседателите на Кина Си Џинпинг и на Тајван Ма Јинг-џеу денеска се сретнаа во Сингапур, што претставува прва средбата меѓу лидерите на двете страни во последните шест децении. Пред состанокот, претседателот на Тајван изрази надеж дека тоа ќе го означи почетокот на редовен дијалог на највисоко ниво.

„Целта на средбата е да се потсетиме уште еднаш на минатото, да се погледне напред кон иднината и да се зајакне мирот во Тајванскиот теснец“, рече тој.

Средбата меѓу двајцата лидери предизвика дебата и антикинески протести во Тајван.

Народна Република Кина го смета Тајван ја свој автономен, но интегрален дел и не постојат формални дипломатски односи меѓу нив.

XS
SM
MD
LG