Достапни линкови

Русија бара одложување на роковите за Украина


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров со неговиот германски колега Франк Валтер Штајнмаер

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров со неговиот германски колега Франк Валтер Штајнмаер

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека е јасно оти крајните рокови за политички реформи во Украина врз основа на договорот од Минск треба да се продолжат и во 2016 година. Тој ја даде изјавата по средбата со министрите за надворешни работи од Германија и Франција и Украина со кои разговараше за следните чекори за решавање на конфликтот во источна Украина.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер по разговорите изјави дека може да бидат задоволни оти примирјето во голема мера се почитува. Но, според него, се уште остануваат некои сериозни предизвици меѓу кои и организирањето на фер и слободни локални избори во сепаратистичките региони во источна Украина. Тој порача дека и од витално значење е испораката ан хуманитарна помош во источна Украина.

XS
SM
MD
LG