Достапни линкови

Балтички земји ќе бараат компензација од Русија


Три балтички земји соопштија дека ќе ги пресметаат загубите кои биле предизвикани од пет децениската советска окупација и дека ќе бараат компензација од Русија. Министерот за правда на Естонија, Урмас Реинсалу изјави дека побарувањето од неговата земја, Летонија и Литванија ќе биде правно оправдано, бидејќи Русија се декларирала како наследник на Советскиот сојуз по распадот на земјата во 1991 година.

Според него, трите земји нема да ги повлечат своите барања и порача дека е време да се решат односите од минатото и да се бара компензација за огромните демографски и социоекономски загуби.

XS
SM
MD
LG