Достапни линкови

Русија ги суспендира летовите за Египет


Рускиот претседател Владимир Путин се согласи да се суспендираат сите летови од земјата до Египет по авионската несреќа на полуостровот Синај. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека Путин и наредил на владата да предложи механизам за враќање на руските граѓани од Египет.

На состанокот на рускиот комитет за антитероризам, шефот на Федералната служба за безбедност, Александар Бортников изјави дека ќе биде разумно да се суспендираат сите летови кон Египет во очекување на резултатите од истрагата за причината за несреќата во која загинаа сите патници и членови на екипажот.

XS
SM
MD
LG