Достапни линкови

Понта изведен пред суд


Виктор Понта

Виктор Понта

Романскиот премиер во заминување Виктор Понта денеска се појави пред Високиот суд за правда на прелиминарно сослушување. Понта се соочува со обвинение за измама, даночно затајување и перење пари. Тој ги негира обвинувањата, кои потекнуваат од 2007 до 2011 година кога работел како адвокат.

43 годишниот Понта, кој стана премиер во 2012 даде оставка од функцијата пред два дена по пожарот во ноќен клуб во Букурешт, при кој загинаа 32 лица, што предизвика масовни протести во земјата.

XS
SM
MD
LG