Достапни линкови

Лавров во Германија на разговори за источна Украина


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Берлин каде ќе се сретне со неговите колеги од Германија, Франција и Украина со кои ќе разговара за конфликтот во источна Украина. Во борбите меѓу украинските сили и проруските бунтовници загинаа повеќе од 7900 луѓе.

Примирјето од септември се почитува, со мали прекршувања, а беше извршена и размена на затвореници. Германското министерство за надворешни работи соопшти дека на средбата меѓудругото ќе стане збор и за повлекувањето на тешко оружје од источна Украина.

XS
SM
MD
LG